Опасност од судир со астероид ни се заканува во 2032-ра

Астрономите од Кримската астрофизичка лабораторија пронајдоа 400-метарски астероид, кој во 2032 година може да се судри со Земјата. Ова стои во материјалите на Центарот за мали планети и астероидниот сектор на НАСА. Малата планета, која е запишана како 2013 TV135, беше споделена со светот на 12 октомври. Откритието беше потврдено од други руски опсерватории, како и од астрономи во Италија, Велика Британија и Шпанија.

Небесно тело со димензии околу 410 метри влезе во категоријата потенцијално опасни астероиди бидејќи минималната дистанца помеѓу неговата орбита и орбитата на Земјата е 0.012 астрономски единици или 1,7 милиони километри. За потенцијално опасни се прифаќаат вселенски тела со дистанца помала од 0.05.

Според прелиминарните пресметки на траекторијата, на 26 август 2032 година постои веројатност 1 на 63 000 да се судри со Земјата.  Тоа е многу мал ризик, но сепак не е еднаков на нула, велат научниците

- Реклама -