Купивте банани, но и после една недела уште се во кесата од пазар, презреани и скапани? Никако не ги фрлајте во отпад, затоа што може да ги искористите на многу паметен начин – за нега на кожата и косата.
1. Ја хидрира сувата кожа
Испасирајте банана и нанесете ја на лицето, внимавајте да не дојде до допир со очите. Оставете ја 15, 20 минути. Исплакнете го лицето со млака вода, а потоа испрскајте се со капки студена вода за да ја задржите влагата. Сувата кожа веднаш ќе омекне.
2. Мрсна кожа
Ослободете се од мрсната кожа со маска од банана и две лажици лимонов сок. Киселината од лимонот ќе ги разгради маснотиите, додека витаминот Ц од бананата ќе го контролира идното нивно производство.
3. Сува коса и чешање на скалпот
Калциумот што го содржи бананата прави чуда за вашиот скалп. Сматете две банани, авокадо и јогурт. Нанесете ја смесата на скалпот, дрежете ја 20 минути, а потоа измијте со топла вода.
4. Против бори
Смесата за сува коса може да ја искористите и како маска против стареење на лицето. Бананите и авокадото содржат витамин Е кој ја намалува појавата на бори и пеги.
5. Пилинг
Еднаш неделно направете пилинг од банани, овесни снегулки и кокосово млеко.
6. Отечени очи
Само една банана ќе ја намали отеченоста на очите. Испасирајте една банана и ставете ја на подрачјето под очите. Држете ја неколку минути.
7. Суви пети
Со миксер сматете две до три банани и смесата нанесете ја на петите. Оставете ја подолго време за смесата да продре длабоко во кожата.