Човек мисли дека живее во GTA. Испратен на лекување.

gta_pЕден млад човек признал на затворските психијатри дека се однесувал
чудно надвор само затоа што мислел дека е дел од компјутерска игра
наречена Grand Theft Auto. Тој бил уапсен за крадење автомобили и напад
со оружје.


gtaЕден млад човек признал на затворските психијатри дека се однесувал чудно надвор само затоа што мислел дека е дел од компјутерска игра наречена Grand Theft Auto. Тој бил уапсен за крадење автомобили и напад со оружје.

Во играта GTA поени се добиваат за крадење коли, убивање и избегнување на полицијата. Неговите психотични симптоми започнале полека, во текот на 2 години, кога верувал дека странци правеле завера да го убијат и слушал гласови.

Бидејќи бил компјутерски ентузијаст, тој напоредно играл игри. Чувствувал дека игрите комуницираат со него преку слушалките.

Верувал дека е дел од играта и дека има неограничен бензин. Колите кои ги крадел биле скапи и големи, бидејќи ваквите возила давале повеќе поени. На сопствениците им вперувал пиштол од непосредна близина, терајќи ги да го напуштат автомобилот.

Подоцна, спомнал дека нема да жалел и ако убил некого, бидејќи тоа ќе му донесело уште повеќе поени.

Неговата дијагноза била утврдена како “параноидна шизофренија“ и понатаму состојбата се подобрила со доза антипсихотични лекови.

[Computer game delusions]

- Реклама -