Херман – најголемиот зајак на светот

herman2Зајакот Херман од Берлин, Германија, тежок 7 килограми и висок еден метар е со сигурност најголемиот зајак на светот.


hermanЗајакот Херман од Берлин, Германија, тежок 7 килограми и висок еден метар е со сигурност најголемиот зајак на светот.

– Херман живее во посебен кафез направен само за него и дневно јаде по два килограми разновидна храна, претежно зелена салата – вели Ханс Вагнер, сопственик на џиновскиот зајак.

Херман би можел да влезе во Гинисовата книга на рекордите, но од оваа институција изјавиле дека не примаат животни во таа категорија поради стравот сопствениците да не ги претворат своите миленици во огромни вреќи и да им даваат премногу храна само за да влезат во книгата на рекорди.

Видот на кој припаѓа Херман не живее во природата, туку настанал од вкрстување на неколку вида и со многу хранење, а се верува дека може да доживее старост и до 12 години.

виа.

- Реклама -