95-годишна баба стана ѕвезда на Интернет

marija-amelija-lopezБлагодарејќи на Интернетот и пред се на својата внука која за роденден и поклонила блог, Марија Амелија Лопез од Шпанија, 95-годишна прабаба, стекна слава во сајберсветот.


gse_multipart11186Благодарејќи на Интернетот и пред се на својата внука која за роденден и поклонила блог, Марија Амелија Лопез од Шпанија, 95-годишна прабаба, стекна слава во сајберсветот.


Веќе неколку месеци таа го привлекува вниманието на интернет сурферите со својот блог во кој ги изнесува своите сеќавања, но и размислувања за актуелните случувања во земјата и во странство.

Таа сега има околу 60.000 верни читатели од целиот свет, а помеѓу нејзините фанови е и шпанскиот претседател Хозе Луис Родригес Сапатеро.

„Никој веќе не им посветува внимание на старите жени. Малку се оние кои не сакаат. Но, интернетот многу ме изненади затоа што млади деца слободно говорат за своите животи и бараат совети од мене“, рече Лопез.

Таа вели дека Интернетот и подарил нов живот.

„Примам пораки од далечни земји како што се Бразил, Русија и Јапонија“, вели Лопез, која самата се прогласи за најстар блогер на светот. виа.

- Реклама -