Пад на цените за мобилна комуникација

Агенцијата за електронски комуникации спрема соопштение до трите мобилни оператори за намалување на големопродажната цена на СМС пораките испратени помеѓу операторите. Потоа се очекуваа оваа промена да се рефлектира на цената на СМС пораките што операторите ја наплаќаат од граѓаните.

Во моментов големопродажните цени на СМС пораките изнесуваат 2 денари.

Еден месец потоа ке следи ново известување од страна на АЕК до операторите за намалување на интерконекциските цени помеѓу опеараторите. Ова би било доболна причина за намалување на малопродажните цени на операторите за 50%. Исто така се очекува дека цената на една минута разговор ќе се изедначи за сите оператори.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -