Симптоми на мозочен удар што не ги препознаваме

Кога е во прашање мозочниот удар, што побрзо добиете соодветен третман тоа подобро. Поради тоа, не губете време во размислување дали треба да одите во болница или не. Научете да ги препознаете симптомите и реагирајте на време.

Мозочен удар е намалување на протокот на крв во мозокот поради згрутчување или крварење и претставува итен случај. Што побрзо почне лекувањето толку помала е веројатноста дека мозочното ткиво ќе биде трајно оштетено.

Ако вие или некој кој знаете ги има доленаведените симптоми, веднаш повикајте брза помош:

Потешкотии со видот или замаглен вид

Потешкотии во говорот или збунетост

Слабост во екстремитетите

Вртоглавица и губење на рамнотежата

Силна болка во рацете, нозете, едната страна на лицето или градите

Силна главоболка, најлоша што некогаш сте ја почувствувале

Слабост на мускулите на лицето

Умор и психички промени

Долготрајно икање

Тешко дишење

Научете повеќе и за Знаци на срцев удар кои повеќето луѓе не ги знаат!

 

- Реклама -