Skype развива технологија за 3-Д видео повици

Во блиска иднина Skype ќе располага со можноста за спроведување на 3-Д видео повици. Тоа го вети вицепретседателот на компанијата Марк Жилет во интервју за BBC.

Експертот тврди дека Microsoft веќе ја имаат проучено 3-Д технологијата и се убедени дека нејзиното вклучување во некоја верзија на популарниот софтвер. Во моментот иако се повеќе и повеќе се зголемува интереснот на корисниците кон 3-Д мониторите и технологиите, недостатокот на уреди за правилно доловување на тродимензионалната слика претставува пречка за имплементацијата на 3-Д видео повици во Skype.

Вицепретседателот дополни уште, дека за да се оствари тродимензионален разговор треба да има многу камери кои ќе бидат прецизно насочени за да се добие посакуваната слика. Сами знаете дека тоа е премногу комплицирано за обичниот корисник и ќе треба да почекаме додека уредите за доловување на тродимензионална слика не бидат усовршени.

Tекстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -