Home Технологија Автомото Дотераниот Toyota Land Cruiser и официјално

Дотераниот Toyota Land Cruiser и официјално

0

По неколкуте неофицијални фотографии на интернет, Toyota објави официјална информација за обновениот Land Cruiser.

Возилото со 60-годишна историја се декларира од страна на компанијата како „еден од технолошките бисери со погон на четири тркала во светот“. Промените се видливи уште на прв поглед. Должината е зголемена за 22 милиметри, за два е понизок, а другите димензии останале исти. Фаровите се зголемени, а модернизирана е и маската, која исто така добила поинаква форма.

Одзади има помалку радикални модификации. Од внатрешноста би ги издвоиле централната конзола, кој е ревидирана, каде главен акцент е ставен на ергономијата, изборот на поквалитетни материјали и поинаку скроени седишта. Новина е 4,2-инчниот TFT дисплеј со режими за прикажување на операциите на тракцијата за секоја гума, блокирање на диференцијалот и аголот на наклон.

Моторите за Европа во моментов се два – бензински 4,0-литарски V6 со 282 КЅ и 385 Nm вртежен момент, како и 3,0 дизел со 190 КЅ и 420 Nm.

Стандардна суспензиja е подобрено и нуди поголема стабилност и удобност, како и Kinetic Dynamic Suspension System (KDSS).

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here