Денес, стресот е актуелна тема и изгледа дека никој не е поштеден од него. Истражувачите трошат многу време и пари за да го проучуваат овој проблем и доаѓаат до различни теории за тоа како да се ослободиме од овој непријател бр.1 во модерното време. А порано било многу полесно по однос на ова прашање. Еве 9 причини зошто стресот не можел да постои во минатото.
Денес, стресот е актуелна тема и изгледа дека никој не е поштеден од него. Истражувачите трошат многу време и пари за да го проучуваат овој проблем и доаѓаат до различни теории за тоа како да се ослободиме од овој непријател бр. 1 во модерното време. А порано било многу полесно по однос на ова прашање. Еве 9 причини зошто стресот не можел да постои во минатото.
5. Амфетамински инхалатори
1. Хероинот од BAYER
Да, токму така – помеѓу 1890 и 1910, хероинот бил продаван како супстанца која помалку создава зависност од морфиумот. Се препорачувал за лечење на вообичаената кашлица, НО САМО КАЈ ДЕЦАТА. Диацетилморфинот за прв пат бил синтетизиран од страна на Alder Wright, кој заклучил дека тој создава поголема зависност дури и од опиумот, па така се откажал од понатамошните истражувања во тој правец. Меѓутоа, компанијата Bayer дошла до друг заклучок – дека тој е многу ефективен при лекување на болки и заболувања како астмата и туберкулозата, па така го брендираше како Хероин. Интересен е фактот, дека хероинот беше брендиран во исто време со ацетилсалицилната киселина, што подоцна ќе биде позната под името аспирин. Тешко е да се каже која од двете супстанции имаше поголем успех…
2. BOEHRINGER & SOEHNE
Boehringer & Soehne е компанија лоцирана во Манхајм, Германија. Никогаш не сте слушнале за неа? Па, доколку сè уште го правеа тоа што го правеле околу еден век порано, дефинитивно ќе сте знаеле за нив, бидејќи тие гордо ги рекламираа своите производи тврдејќи дека нивната компанија ги прави најдобрите продукти од кокаин и кинин.
3. Опиум за новороденчиња
Stickney and Poor денес се познати по зачините, но назад во времето, тие беа уште попознати по сирупот кој им помагаше на бебињата да спијат подобро. И ако опиумот во сирупот не е доволен, тогаш 46% алкохол дефинитивно ќе заврши работа.
4. Кока вино
Верувале или не, вината со кокаин воопшто не биле ретка појава. Популарен бренд било виното Metcalf Coca и речиси сите кои го пиеле тврделе дека ги прави среќни, а во исто време било препорачувано и за медицински третмани.
Виното Maltine Coca исто така било многу популарен пијалок во САД, особено во Њујорк. Се велело дека е многу добро за здравјето – една чаша после секое јадење, а за децата само половина, се рабира. Но, без сомневање најценето било виното Mariani. Тоа било толку добро, што папата Лео XIII секогаш дома имал шише Mariani. Тој дури и го наградил произведувачот со Ватикански златен медал.
5. Амфетамински инхалатори
Benzedrine (racemic amphetamine) инхалаторите можеле да се купат насекаде во САД сè до средината на 50-тите години и тие биле дотолку ценети што дури и аеродромите им ги нуделе на патниците за да се ослободат од нелагодноста при полетувањето и слетувањето на авионите. Познато е дека повеќе од 10 милиони инхалатори биле продадени во првите седум години од нивното пуштање во продажба, што значи дека тие се продавале подобро и од хамбургерите на Мекдоналдс.
6. Опиум за астма
Не е сигурно колку бил добар овој третман, но „National Vaporizer Vapor-OL (opium) третман бр. 6 за астма“, како што се нарекувал, овозможил уникатен начин за пушење опиум. Лесно испарливата течност се подгревала со помош на лампа на керозин.
7. DRAGEES ANTISEPTIQUES AU MENTHOL
Овие дражеи биле прочистувачи на грлото на база на кокаин. Да, кокаинот не бил само за забава како во случајот со виното, туку имал и многу практична употреба. Овој Белгиски продукт бил „незаменлив за пеачите, учителите и ораторите.“
8. MRS. WINSLOW сируп за смирување
Се рабира, за презафатена мајка работите никогаш не се лесни. Па така, кога таа ќе си дојде дома и потребно е малку мир и тишина, овој сируп е најдобрата опција. Без разлика колку е бучно и неуморно нејзиното дете, 65 милиграми опиум дефинитивно ќе го донесе посакуваниот мир.
9. Кокаински капки против забоболка
Овие кокаински капки правеле чуда и ја лекувале забоболката речиси инстантно, а исто така доаѓале и со бонус: децата секогаш биле многу посреќни откако ќе ги испиеле.