9 начини да се разладите и без клима

Применувани поединечно, следниве марифети немаат толку голем ефект, но ако ги здружите, веројатно ќе си го олесните животот во летните тропски горештини.

1. Наместо памучни, фротирски или обични постелнини, користете свилени или сатенски покривачи. Свилата и овозможува на кожата да диши, а ленот задржува дупло помалку топлина од памукот. И двете побрзо се сушат од потењето и помалку греат. Покривањето со чаршаф е секогаш пожелно – дури и во лето температурата паѓа во текот на ноќта и раното утро, па внимавајте грбот да ви биде покриен. Од помош може да биде и да спиете на душек на подот – обично таму температурата е за некој степен пониска.

2. Со два вентилатора можете да го „имитирате“ ефектот на клима-уредот, под услов добро да ги поставите. Поставете ги на двата спротивни краја на просторијата, но така што да го движат воздухот во ист правец.

3. Чувството на с’клет (летна варијанта на зборот „топлина“) дополнително се засилува ако просторијата е влажна. Затоа, после туширање или готвење отворете прозор и вклучете го аспираторот.

4. За време на ноќта отворете ги сите прозори, а струењето на воздухот потпомогнете го со подвижен вентилатор. Дури и да користите клима-уред, вентилаторот ќе помогне да се рашири оладениот воздух.

5. Ако немате клима – импровизирајте. Пред вентилаторот поставете сад со мраз или со студена вода, со што ќе го забрзате ладењето на просторијата. Најдоброто место за вентилаторот е покрај најдолгиот ѕид во просторијата, или на подот.

argh

6. Куќните апарати произведуваат топлина дури и кога мируваат, па најдобро е да се целосно исклучени. Така ќе го избегнете непотребното греење на просторот, но и непотребно високите сметки. Дополнително, наместо рерната, користете микробранова – создава многу помалку топлина.

7. Вештачкото светло во домот исто така дополнително го загрева воздухот. Кај обичните сијалици дури 90% од струјата се претвораат во топлина. Наместо нив, користете штедливи сијалици. Од друга страна, и големите телевизори и монитори се моќни загревачи. Ако не ги користете, исклучете ги.

8. Ако поставите тенда над прозорот, температурата во просторијата може да се намали за околу 5 степени. За замрачување на домот подобра избор наместо ролетните и завесите се „венецијанерите“ – светлото полесно се дозира, а белата боја дополнително ја одбива топлината.

9. Во куќите и становите на спратови, пожелно е да ги отворите прозорите на долниот кат кои гледаат на запад, заедно со прозорите на горниот кат кои гледаат на исток, со цел да овозможите струење на воздухот. На тој начин, посвежиот воздух ќе влегува во домот, а топлиот ќе излегува. Се разбира, ова не важи за пеколните денови, кога е најдобро воопшто да не ги отворате прозорците, барем додека не падне ноќта.

- Реклама -