Бежичните звучници од Beacon Audio создаваат вистински стерео звук

Бежичните звучници беа на пазарот одредено време, но Blazar, Bluetooth алуминиум звучникот од Beacon Audio, што овозможува двојно стерео спарување, постигнува подлабок, поизвонреден звук од преносните звучници. Kickstarter базираните звучници веќе ја постигнаа својата цел од 90.000 долари, за нешто повеќе од еден месец.

Blazar се полни со батерија која трае 12 часа непрекинато поврзување и користење, а има и алуминиумски комплет. Се поврзува со речиси секаков лаптоп, таблет, смартфон или друг смарт уред преку Bluetooth. Нејзиниот NFC чип овозможува конекција и со понови смартфони. Предност на звучникот е сетот на контроли на врвот и вградениот микрофон.
Beacon Audio објаснува дека вредноста на Blazar е во способноста да се поврзе со втората единица и да обезбеди стерео звук од два канали. На Kickstarter страната е наведено дека звучникот Blazar го дели звукот во вистински леви и десни стерео сигнали.  Во моментот има соработки со различни уметници како Awolnation и Neon Trees, за да создаде специјално издание на звучници. Звучниците ќе бидат достапни за 124 долари.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -