Торнадо во Милано, летаа камиони (Видео)

Торнадото ја погоди индустриската зона во источниот дел на Милано. Видеата направени со мобилни телефони ја прикажуваат силината на олујата, во која беа повредени 12 луѓе. Торнадото траеше десетина минути кои беа доволни за уништување на бројни згради и возила.

„ Бевме внатре кога камион удри во ѕидот, а потоа и го проби. Распукаа сите прозори, не знаевме што се случува. Исчезна покривот, нема ниту врати. Нема ништо“, изјавил Стефано Гримолди, работник од Милано.

[youtube]http://youtu.be/3tAEklVzcAQ[/youtube]

\

- Реклама -