Контекстуално огласување и цена по клик и кај нас

websites.jpg Httpool со гордост го најавува новиот производ кој за првпат е достапен кај нас во Македонија со технологија и платформа направена по светските стандарди. Прв пат им се овозможува на огласувачите да платат цена по клик.


Httpool со гордост го најавува новиот производ кој за првпат е достапен кај нас во Македонија со технологија и платформа направена по светските стандарди. Прв пат им се овозможува на огласувачите да платат цена по клик.

poolproducts-contextual.png

Kонтекстуалниот систем на огласување на огласувачите им нуди присутност во мрежа на интернет страни со голема посетеност. Моментално дел од мрежата се преку 15 интернет страни од Македонија.

Системот ја aнализирa содржината на веб страните кои се дел од Контекстуалната мрежа на Httpool и на посетителите им ги прикажува оние огласи кои тематски одговараат на содржината која ја има веб страната.

Поголем ефект има кога содржината на огласот е иста со содржината која ја чита посетителот на веб страната.

sliki_oglasi1.jpg sliki_oglasi2.jpg

Од аспект на огласувач предности за огласување преку овој систем се следни:

-сами го одредувате дневниот или месечниот буџет кој сте спремни да го потрошите
-немате продукциски трошоци за креирање на огласи, потребан ви е само слика и добар текст за огласот
-знете колку посети ќе имате на вашата страна , односно го знаете резултатот на вашата кампања
-можете да поставите колку сакате огласи , и да ги менувате кога сакате
– вашиот оглас ќе се појавува врз основа на клучните зборови кои ќе ги внесете
-се појавувате на страните од мрежата ,без разлика на која страна ќе се појавите вие плаќате иста цена
– Кликови – контрола на кликовите ( се анализира секоја IP адреса, време на клик, двојни кликови и други параметри) – CLICK FRAUD
– Целосните и транспарентни статистики ја прикажуваат успешноста на секоја кампања, огласен блок, поединечен оглас .

Од аспект на интернет медиум предности да бидете дел од овоj систем се следни:

-продадете и остварете приходи на просторот кој не ви е искористен
-влез и излез од мрежата кога ќе посакате со едноставно поставување или отстранување на кодот
-изборот на позиции и димензии на огласниот простор е потполно ваш
-вие си одредувате боја на рамка, позадина, текст
– целосните и транспарентни статистики за тоа колку кликови се направени на вашата страна
-можност да ги искористите заработените средства за ваше сопствено огласување преку овој производ.

Единствено нешто што е потребно е да се регистрирате на следниот линк https://adplatform.httpool.com.mk да ги прифатите нашите правила и услови и веќе сте дел од новиот производ на Httpool.

Httpool Ви стои на располагање за сите ваши прашања и помош околу креирање на огласните кампањи.

За повеќе информации контактирајте не на 02/30 60 888 или на емаил: info@httpool.com.mk

- Реклама -