BMW i8 Концепт Спајдер

концептОна што е најпривлечно кај новиот i8 Концепт Спајдер на BMW не е хибридниот погон со 350 коњски сили, туку планот на BMW да создаде возило кое ќе задржи што е можно повеќе од технологијата употребена во овој концепт и неговиот изглед.


Најновата еволуција на i-серијата на BMW концепти има екстериер кој иако изгледа футуристички претставува цел која е остварлива во следните две години. Главниот дизајнер на BMW, Адриан вон Хујдонк изјавил дека конечната верзија на i8 ќе задржат голем дел од изгледот на концептот – тоа значи дека конечното возило ќе ја задржи школката која изгледа како да е создадена од неколку слоеви, ласерските фарови и акценти во три бои. Дури и вертикалните врати на концептот не изгледаат како непотребна компликација туку како интегрален дел од дизајнот.

Како и повеќето автомото концепти, i8 Концепт Спајдер се движи со помош на комбинација од батерии и мотор – електричен мотор од 96 киловати поврзан со трицилиндричен мотор од 223 коњски сили со турбо и максимална моќност од 353 коњски сили. За разлика од повеќето концепти ветува дека ќе се придржи до строги стандарди за перформанси со забрзување од 0-100 илометри на час за околу 5 секунди и максимална брзина од околу 250 километри на час со ефикасност од околу 30 километри само со електричен погон и потрошувачка од околу 2,5 литри на 100 километри.

Такви перформанси се возможни со инженерските напори на BMW за каросеријата, спојувајќи ја патничката кабина направена од јаглеродни влакна со алуминумската каросерија која ги држи моторот и батериите. BMW тврди дека со тоа се елеминира дополнителната тежина која е потребна за хибриден погон и се задржува идеалната поделба на тежината на предната и задната оска. BMW исто така го програмиле системот за да овозможи избор на погон на предните, задните или сите четири тркала. [BMW i8 Spyder]

- Реклама -