Трикови за на работно место 1

tipsСо овој напис го започнуваме серијалот на корисни трикови со кој се надеваме ќе си поминете полесно на работа, т.е. ќе се обидеме да го оствариме вечниот балкански сон – Земај плата но не работи. Во овој напис ќе научите како да го излажете шефот дека работите до доцна во ноќта.

tips

Со овој напис го започнуваме серијалот на корисни трикови со кој се надеваме ќе си поминете полесно на работа, т.е. ќе се обидеме да го оствариме вечниот балкански сон – Земај плата но не работи. Во овој напис ќе научите:

Како да го излажете шефот дека работите до доцна во ноќта

Со се поголемата конкуренција на работното место, многу е важно да го импресионирате шефот. Една од главните фори е да работите до доцна, но кој навистина сака да останува до доцна во канцеларијата?

Не грижете се Балканци!

Одложете го праќањето на Вашите email пораки за доцна во ноќта:

Можете да направите “Rule" (ова важи за Outlook, но за сите останати email клиенти е скоро идентично) кој ќе ги испраќа пораките подоцна без разлика на тоа што Вие ќе ги пишувате во текот на работното време.

Отворете Outlook
Кликнете на TOOLS, Rules & Alerts.
Кликнете на New Rule “Start from a blank rule”.
Кликнете на Step 1 box, “Check message after sending”.
Следно, кликнете на “On this machine only”.
Следно, кликнете на Step 1 box, “Defer delivery by a number of minutes”.
Кликнете на Step 2 box, “a number of” внесете го бројот на минутите за колку сакате пораката да биде испратена.

Кликнете на OK, кликнете на Finish. Толку.

Предлог за текстот во пораката: "Шефе, окапав до сега (3:20 сабајле) се изнамачив со табелата ама важно е дека завршивме голема работа за утрешната презентација. Се гледаме утре"

Во наредниот број ќе научите – Како да поминете цел работен ден без да работите било што

- Реклама -