Официјално: Дортмунд го ангажираше Аубамејанг

Борусија Дортмунд го комплетираше трансферот на Пјер Емерик Аубамејанг, напаѓачот се обврза кон ’Милионерите’ до 30 јуни 2018.

Репрезентативецот на Габон изминатава сезона постигна 19 погодоци и беше втор стрелец во првенството на Франција зад Златан Ибрахимовиќ, па го привлече вниманието на неколку клубови.

Битката за 24 годишниот Пјер Емерик Аубамејанг ја доби Борусија Дортмунд, попладнево напаѓачот стави потпис на петгодишен договор со вице-шампионот во Лигата на Шампионите.

„Пјер Емерик Аубамејанг се пресели во Борусија Дортмунд” – гласеше известувањето на ’Милионерите’.

„Играчот стави потпис на договор според кој ќе остане на Сигнал Идуна Парк до 30. јуни 2018”.

Борусија Дортмунд не открива детали од трансферот, а според медиумите, ’Милионерите’ ќе платат околу 13 милиони евра.

„Задоволни сме што го ангажиравме Пјер Емерик Аубамејанг, навистина го посакувавме играчот” – рече спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк.

„Тој е способен да игра на неколку позиции во нападот, неговото темпо на игра е високо, постојано е закана по противничкиот гол, па ќе ни даде повеќе опции во офанзивниот дел од тимот”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -