Како да ви го вратат изгубениот паричник

Повеќе... Од уште едно необично истражување на научниците дознаваме дека изгубениот паричник кој во себе содржи слика од бебе има најголеми шанси да биде вратен назад кај сопственикот. Па, ако сте од оние типови кои губат работи, послушајте го советот на научниците и носете слика од бебе во вашиот паричник.


leather-wallet-with-digital-photo-viewer_61071_lg.jpgОд уште едно необично истражување на научниците дознаваме дека изгубениот паричник кој во себе содржи слика од бебе има најголеми шанси да биде вратен назад кај сопственикот. Па, ако сте од оние типови кои губат работи, послушајте го советот на научниците и носете слика од бебе во вашиот паричник.

Ваквите за нас корисни заклучоци научниците ги донесоа откако направија експеримент во кој оставија 240 паричници на улиците на Единбург. Во секој од паричниците имало различна слика – од бебе, куче, семејство и портрет на постари луѓе. Другите паричници содржеле картичка кој сугерира дека сопствeникот неодамна направил донација за хуманитарни цели.

Ако му веруваме на проф. Ричард Вајсман кој го водеше овој интересен експеримент, 42 проценти од паричниците биле вратени (штo е очекувано со оглед на фактот дека во нив немало пари). Оние во кои имало слика од бебе, имале најголем потенцијал да предизвикаат хуманост кај пронаоѓачите, такашто 88 проценти од нив биле вратени, а на второ место биле паричниците со слика од куче. Најмалку биле враќани паричниците со слика од постари луѓе (28 проценти) и оние со картичка за донација (20 проценти од нив).

Проф. Вајсман од ова извлече заклучок дека резултатите од овој експеримент покажуваат дека голем дел од луѓето се сочувствителни кон бебињата, одлика која е својствена за човечкиот род и се развила кај луѓето за да се осигура опстанокот на идните генерации. Како и да е, еве добар совет потврден од науката: носете слика од бебе во паричникот. [Want to keep your wallet? Carry a baby picture]

- Реклама -