Apple сака да спречи снимање настани во живо со нивните смартфони

смартфонApple развива софтвер кои ќе препознава кога корисникот се обидува да снима настан во живо, по што ќе ја исклучува камерата. Кога корисникот ќе го насочи својот смартфон кон сцената на концерт или платното во кино, ќе активира инфрацрвени сензори инсталирани на локацијата.

Овие сензори автоматски ќе испратат упатства до телефонот да ја исклучи камерата со што ќе спречи снимање. Само камерата ќе биде привремено онеспособена, останатите функции, корисникот сè уште ќе може да испраќа текст пораки и да прави повици. Од Apple поднеле апликација за патент за овој софтвер пред 18 месеци во Калифорнија.

Ваквата технологија ќе биде добредојдена за многу љубители на музиката на кои им е преку глава кога нивниот поглед на сцената е попречен од илјадници светлечки мобилни телефони. Но, причината поради која Apple ја развива технологијата за да ги смири радиодифузерите кои се вознемируваат кога луѓето постираат снимки на сајтови како YouTube во ситуација кога тие ги имаат ексклузивните права.

Многу радиодифузни компании ги продаваат снимките од ваквите настани и не се задоволни кога аматерските снимки навлегуваат во нивна територија. Ваквата помош за музичките компании на Apple ќе им обезбеди подобри услови кога ќе преговараат за продажба на музиката преку iTunes. Технологијата потенцијално би можела да обезбеди и уште еден извор на приходи преку наплаќање за снимање на настани во живо. [Now Apple wants to block iPhone users from filming live events with their smartphone]

- Реклама -