Chomp – Иновативен пребарувач на Android апликации

Chomp - Иновативен пребарувач на Android апликацииБез разлика дали вашето искуство со Android платформата е позитивно или негативно, не можеме да одречеме дека пребарувачот за апликации на Android Marketot е многу слаб. Иако Google го подобри тоа искуство со воведување на веб-маркет, сепак наоѓањетo на потребната апликација во тој океан на бескорисни имиња е навистина тешко. Затоа, ви ја претставуваме апликацијата Chomp која го однесе пребарувањето на комплетно ново ниво.

Ако сте се сретнале со Chomp во минатото, тоа би било преку неговата iPhone апликација која го прави истото за OSX платформата. Но, за максимално Android искуство, ко-основачот Бен Кегран ја сведува апликацијата до нејзиното основно ниво и ги комбинира корисничките шеми од iPhone и веб базираниот маркет.
Chomp1Минатата недела, Бен Кегран презентираше видео каде што ја покажува слабата состојба на маркетот. Кога ќе изберете категорија, тој ви дава само неколку резултати кои најчесто се надвор од контекст. Тоа се случува затоа што пребарувачот во маркетот користи комбинации од мета податоци, наслови и други сигнали кои може да немаат никаква допирна точка со категоријата. Chomp од друга страна има иновативен алгоритам со кој ги согледува и учи од темата и функцијата на секоја апликација од маркетот, па ги сочувува податоците во нивната база со податоци.
Chomp2Но тоа не е се. Chomp има навистина пријатен изглед и визуелен интерфејс кој ќе ви приложи задоволство во барање на апликации. Навигацијата низ него е исто така многу едноставна. Гигантите Google, Bing и Yahoo! од друга страна сè уште не го користат овој нов алгоритам, но тоа не значи дека нема да видиме мали измени на нивните системи во блиска иднина.
Chomp3Подолу можете да погледнете пар видеа за тоа како изгледа, како се користи, како и интервју со ко-основачот и Кевин Роуз. Ви посакуваме пријатно и олеснато пребарувачко искуство!

{youtube}ScJdCsApx38{/youtube}
{youtube}AtAfSwZOuGI{/youtube}

- Реклама -