Роловано бело месо

Секогаш со нетрпение очекувате да видите што има во ролатот од месо на трпезата? А, кога во чинијата ќе се растече сочниот фил сите сетила се будат уживаат. Пробајте го овој ролат од бело пилешко месо и нема да погрешите.

Состојки: поголемо парче пилешко месо, 100г ориз, 1 главица лук, 50г сланина, сол, бибер, мускатно оревче, сенф, брашно, зејтин

Подготовка: Исчистете го месото и истенчете го со чекан за месо така што ќе може да обликувате ролат. Посолете го месото, а одвнатре премачајте го со сенф, наросете бибер и мускатно оревче.

На загреан зејтин испржете ги ситно исечканите лук и сланината исчена на коцки. Додајте го оризот и пржете со постојано мешање. Кога течноста ќе се впие, налевајте по малку вода додека оризот не омекне.

Готовата смеса нанесете ја на едната половина на месото, поклопете и добро притиснете од двете страни за да не истече филот. Врзете го месото со кујнски конец, извалкајте го во брашно и пржете додека не зарумени. Намалете го оганот и пржете уште 15 минути.

Може да го послужите со пире од компир.

Добар апетит!

- Реклама -