Пронајдена изумрена риба

лососПримероци на јапонски подвид на лосос, за кој се верувало дека е изумрен веќе 79 години, биле пронајдени во езеро во близина на планината Фуџи. Научниците мислеле дека овој вид, познат како „кунимасу“ на јапонски, изумрел во 1940 година кога водата во езерото станала покисела.

Голема количина на икра била пренесена во езерото Саико, но видот сепак бил третиран како изумрен. Но, Тетсуџи Накабо, професор од Универзитетот во Кјото, вели дека нековиот истражувачки тим открил голем број на овие риби во езерото Саико кое се наоѓа околу 500 километри јужно од нивниот оригинален дом. „Ова беше вистинско изненадување. Ова е многу интересна риба – вистинско богатство. Мора да ја заштитиме и да не дозволиме повторно да исчезне“ додал тој.

Тој позирал за фотографии и видео со примерок кој имал темна маслинесто-зелена боја со црни точки на грбот. Кунимасу растат до околу 30 сентиметри во должина. Накабо вели дека во езерото има доволно примероци на рибата за видот да опстои, под услов да се одржи моменталната средина, и додал дека се надева дека рибарите нема да ја ловат. Езерото Саико се наоѓа во регион кој е популарен кај туристите поради погледот на Фуџи и геотермалните бањи.

Лососот сè уште се води како изумрен во базата на податоци во Министерството за животна средина. Јобуказе Нанива, претставник на министерството, рекол дека тврдењето на Накабо мора да биде проверено пред податоците да бидат ажурирани во 2012 година. Според Нанива, биле пронајдени и неколку други видови за кои се верувало дека се изумрени, меѓу кои имало школки и растенија. [Scientist says he found Japan fish thought extinct]

- Реклама -