Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Доколку сте веќе подготвени за следниот чекор од вашето професионално патување, па сакате да дознаете кој е најдобриот избор за вас, тогаш треба да издвоите еден дел од вашето слободно време за да истражите што точно се нуди на пазарот, кои се предностите и недостатоците на решението што ви се чини како најпаметно и да го направите вистинскиот избор. Без разлика дали сте почетник или искусен познавач во некоја од областите во IT светот, потребно е да направите јасна селекција на сите IT академии, врз основа на вашата насока и визија за кариерната иднината.

Без оглед на IT областа која ќе ја одберете, за да бидете успешни, ќе ви биде потребно да изберете академија која ќе ви помогне да стекнете вештини кои ќе ви бидат од огромна помош во технолошката индустрија. Таквата подготовка ќе ви биде потребна, за да добиете работа од соништата, односно да пронајдете работна средина во која ќе може да го искажете вашето стекнато знаење, а Growth Labs Academy нуди многу повеќе од тоа.

Програмите и динамиката кои ги нуди академијата, ги следат последните трендови на пазарот на трудот, со што секој млад човек има можност да се надогради или да отпочне целосно ново подглвје во својот кариерен пат. Најдобар пример за тоа се AI програмите, кои ќе ви помогнат да ги усовршите вашите аналитички способности, преку предностите на вештачката интелигенција и напредните процеси кои ги нуди, односно прецизност, точност, забрзано работење со податоци…

Наставната програма на Growth Labs Academy вклучува богата теоретска основа, одлична можност за практични вежби и напредување во вештините, реализирани преку проекти и интерактивно online учење што ќе ве држи будни и заинтересирани во текот на програмата. Исто така, академијата е фокусирана и на програми кои ја вклучуваат Вештачката интелигенција, како една од најзначајните трендови во современата технологија, со што ќе имате можност да научите како да го следи брзото темпо при носењето на победнички одлуки, преку програмите за Data Analysis и Data Engineer.

Growth Labs Academy се издвојува со тоа што ги следи сите промени и новитети во IT дигиталниот свет, па затоа вие ќе имате можност да ги изучите најновите технологии и моменталните трендови и ќе бидете подготвени да одговорите на секојдневните предизвици кои ги носи секоја дигитална промена. Одбрани се најдобрите ментори од индустријата, кои ќе ве водат низ внимателно создадени програми по светски стандарди, усовршувани во изминатите 10 години. Освен што ќе ве водат низ вистинската насока, несебично ќе го споделат со вас нивното долгогодишно искуство и ќе ви дадат бесценети совети, кои со сигурност ќе одиграат важна улога во вашиот кариерен развој.

Со оглед на тоа што ќе изберете неформално образование, Growth Labs Academy ќе ви понуди флексибилност, затоа што нивната мисија е да го направат образованието подостапно за сите што се стремат да учат и да ја создаваат својата иднина, со помош на детално разработен онлајн процес на учење. Програмите коишто ги нуди Growth Labs Academy се одвиваат на англиски јазик, па освен што добро ќе се подготвите, ќе имате можност за отпочнување на успешна интернационална кариера.

Според трендовите во индустријата, за во наредните десетина години, се проектира дека најплатени и најбарани професии ќе бидат: web development, app development, operations to networking and systems administration, а за најактуелни професии во моментот, но и во иднина, кариерните советници ги издвојуваат позициите за data analyst и data engineer, потпомогнати од вештачката интелигенција.

Growth Labs Academy е вашето идеално решение и доколку изберете некоја од нивните програми, ќе бидете чекор поблиску до создавање иднина по ваша мерка. Затоа, истражете ги нивните четири внимателно изработени курсеви, со кои ќе бидете и повеќе од подготвени за денешната брза технолошка индустрија.

Во тек се уписите за програмите за AI, за коишто местата веќе се пополнуваат, како и програмите за Operations and Cybersecurity, Software Development и Software Testing, чиј почеток е закажан за овој месец. Затоа побрзајте, резервирајте го вашето место, изберете различен, високо квалитетен и иновативен начин за едукација и искористете ја оваа можност, бидејќи бројот на слободни места се намалува.

Извор