Македонија скокна за шест места на најновата ФИФА ранг листа

Македонија за шест позиции напредуваше на најновата ФИФА ранг листа искачувајќи се на 78. место.

Нашата репрезентација го подобри пласманот на ФИФА ранг листата но не поради некои добри резултати, туку поради лошите на останатите репрезентации.

Од нашите противници во квалификациите за СП 2014, најдобра е Хрватска на 4. позиција, Белгија е на 12. место, Србија на 36., Велс е на 45. место, а Шкотска е 74.

На врвот и понатаму е Шпанија, а во топ десет се и селекциите на Германија, Аргентина, Хрватска, Холандија, Португалија, Колумбија, Италија, Англија и Еквадор.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -