Доаѓа HTC Desire 600

Тајванската компанија наскоро официјално ќе го претстави својот најнов смартфон како варијатна на HTC One. Телефонот, кој веќе е објавен на интернет на руска страна и е достапен за резервација, е т.н. HTC Desire 600.

 

8d9ced2b140e42d00627ba355a0f

Desire 600 има процесор со 4 јадра Qualcomm Snapdragon со брзина од 1.2 GHz, 1GB RAM меморија и графики. Вградената меморија е од 8 GB (како и можност за надградба со microSD картичка) и батерија од 1860mAh.

Во однос пак на спецификациите на екранот, HTC Desire 600 има Super LCD2 дисплеј од 4.5 инчи со резолуција од 960х540 пиксели, главна камера од 8 МР (која може да снима HD видео), и предна камера од 1.6 МР.

8e27d3cf6fab8c055840be0f87d6

Овој најнов смартфон кој има можност да работи со две СИМ картички, од денес може да се резервира во Русија по цена од околу 510 долари (или 542 долари), во зависнот од тоа страната на резервација на моделот. Иако резервациите веќе започнаа, сепак нема точен датум кога ќе биде претставувањето. Според гласините, тоа треба да се случи на почетокот од месец јуни.

fbfcb348c7802d907282d3f3f437

HTC Desire 600 ќе вклучува BlinkFeed, звучници од предната страната, како и некои опции од Zoe. Интерфејсот ќе биде со Sense 5.0 и последната надградба на оперативниот систем на Android.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -