Најдобри трикови за отстранување дамки од облека

Непријатните дамки на облеката може да ги исчистите многу лесно. Киселата вода ги брише трагите од сладолед, глицеринот помага во отстранување на дамки од креми за сончање и од кечап, а сјајот ги отстранува масните флеки.

Трева

За дамки од трева најдобро решение се оцетот и белките од јајце. Сматете ги белките, нанесете ги на дамката, втријте и исперете. Белките најдобро ги чистат дамките на бела ткаенина, а оцетот е одличен за тврдокорните. Доволно е на извалкана ткаенина да втриете мешавина од алкохолен оцет и вода. Оставете да делува 15 минути, а потоа исперете ја облеката со детергент.

Кечап

На дамки од кечап најдобро е да нанасете детска пудра и да оставите да се исуши. Исчеткајте и исперете кога ќе се исуши. Кај дамките од домати и кечап помага и мешавина од вода и глицерин во однос 1:1. Потопете ја облеката и оставете да отстои некое време. Потоа исперете ја. Одлично решение е и сјај за миење садови.

Сладолед

Облеката извалкана со сладолед треба веднаш да ја натопите во кисела или обична ладна вода и да исперете во машина за перење алишта.

Масни дамки и ладна вода не одат заедно

Во отстранување на масните дамки треба да избегнувате вода затоа што дамката ќе стане потврдокорна. Доволно е облеката да ја превртите наопаку и на дамката да нанесете средство за отстранување на дамки или обичен детергент за миење садови.

Траги од дезедоранс

Жолтите дамки од дезедоранс ќе се отстранат со топла вода помешана со две таблети за чистење на забни протези. По 30 минути стоење во оваа комбинација треба да се исплакне и да се испере во машина за алишта. Сувите дамки од дезедоранс на облеката може да ги отстраните и со влажни марамчиња.

- Реклама -