Ротирачки облакодер во Дубаи

dubaiСе будите и гледате низ прозорецот – прекрасна глетка кон морската шир. Појадувате и потоа повторно гледате низ прозорецот – панорама на Дубаи со сета своја величественост. Ова можеби ви звучи чудно, но тоа е замислата за следната најголема атракција во градот кој изобилува со архитектонски чуда, Дубаи. Се работи за облакодер од 68 спрата кои ќе ротираат за 360 степени цело време независно еден од друг, константно менувајќи ја формата на облакодерот.

Се будите и гледате низ прозорецот – прекрасна глетка кон морската шир.
Појадувате и потоа повторно гледате низ прозорецот – панорама на Дубаи
со сета своја величественост. Ова можеби ви звучи чудно, но тоа е
замислата за следната најголема атракција во градот кој изобилува со
архитектонски чуда, Дубаи. Се работи за облакодер од 68 спрата кои ќе
ротираат за 360 степени цело време независно еден од друг, константно
менувајќи ја формата на облакодерот. 

dubai1

„Ова го нарекуваме динамичка архитектура“ вели Дејвид Фишер, архитект со италијанско-израелско потекло кој ја претстави идејата за оваој облакодер која ќе биде комбинација на хотел, станови и канцеларии. Секој спрат ќе биде во форма на прстен, во чиј центар ќе бидат сместени лифтови, скали и други помошни уреди. Помеѓу секои два спрата ќе има простор во кој ќе бидат сместени турбини за ветар, од кои ќе се напојува целиот објект.

Ротирањето на спратовите во никој случај нема да претставува проблем за луѓето внатре, бидејќи истото ќе се одвива многу бавно. Една ротација околу оската ќе трае 90 минути, што е придвижување на спратот за само 5 милиметри во секунда. Целиот проект ќе чини околу 330 милиони американски долари, а Фишер предвидува дека заради нејзината уникатност ќе заработат најмалку 40% од вредноста.

Интересна идеја во секој случај, и кој не би сакал да помине барем еден ден во ваква градба. Фишер предвидува дека изградбата на истата ќе започне во првата четвртина на 2008, а истата ќе биде завршена за помалку од 2 години. Во прилог е и компјутерски генерираното видео од овој облакодер како и видео од истата вест презентирана на CNN.

{youtube}Fx5O69XHxuI{/youtube} 

{youtube}yxCDsdXjK14{/youtube}

- Реклама -