7 специјални ефекти кои ѕвездите би сакале да останат тајна

Супермен Ако во некоја од индустриските гранки инвестирате милијарди долари, најмодерна компјутерска технологија и најдобри програмери, сигурно истите ќе бидат искористени за нешто неважно како барање лек за сида или пак истражувања во областа на нанокомпјутери. Доколку истите пари му ги дадете на Холивуд, тогаш тие ќе бидат искористени за зголемување пениси со компјутерска графика.

Ако во некоја од индустриските гранки инвестирате милијарди долари,
најмодерна компјутерска технологија и најдобри програмери, сигурно
истите ќе бидат искористени за нешто неважно како барање лек за сида
или пак истражувања во областа на нанокомпјутери.

Доколку истите пари
му ги дадете на Холивуд, тогаш тие ќе бидат искористени за зголемување
пениси со компјутерска графика. Причината за тоа е секако фактот што
понекогаш часовите шминкање и совршеното осветлување не се доволни
некои ѕвезди да ги направат да изгледаат како ѕвезди…


7. Голото тело на Анџелина Џоли во „Беовулф“.

„Беовулф“ ја продолжи традицијата на „заробување изведби“ започната со „Полар експрес“, во кој се користат телата и движењата на вистински актери, но финалниот производ е изведен со помош на компјутери.

Анџелина ЏолиВо „Беовулф“, Анџелина Џоли игра гола жена-гуштер. Во едно интервју, Џоли зборува за тоа колку била срамежлива додека го скенирале нејзиното тело. Ова е малку чудно, со оглед на тоа што телото кое го видовте во филмот ѝ припаѓа на Рејчел Бернстајн, која работи како модел на долна облека и костими за капење.

Со такво резиме, таа била совршена за улогата. Но, тука се поставува друго прашање. Зошто било потребно друго тело, кога Анџелина Џоли има совршено добро тело и сите промени настанати од тогашната тримесечна бременост можеле да бидат отстранети со употреба на компјутерска технологија – поправки кои студијата признале дека ги имаат правено на актерите?

Можеби се работи за двојни стандарди (актерите можат да добијат компјутерска помош, но актерките мораат да се трудат да изгледаат секогаш совршено), а можеби таа воопшто не знаела за промената. Сосема е возможно да побарале од неа да се соблече и да ѝ биде скениран секој милиметар од телото, а некој случајно „заборавил“ да и спомне дека можеби ќе има дублерка.

6. Косата на Кевин Костнер во „Воден свет“

costner2.jpg„Воден свет“ има посебно место во историјата на Холивуд, како една од најраширените шеги на сите времиња. Кога излезе, во 1995 година, со потрошени 175 милиони долари за снимање, беше најскапиот филм на сите времиња. Парите во најголем дел беа потрошени на компјутерско генерирање на нешта кои не постојат во реалниот свет – како на пр. океани! Но, кога снимањето завршило, се испоставиле и дополнителни проблеми на кои дотогаш никој не им обрнало внимание. Еден од нив бил и фактот што Кевин Костнер постепено ја губел косата.

Веројатно во тој момент, на Кевин Костнер му станало јасно оти никој нема да ја сфати сериозно неговата улога на полу човек, полу риба, доколку на публиката постојано ѝ се одвлекува вниманието со неговата типична машка ќелавост. Се зборува дека Костнер побарал преснимување на некои сцени и компјутерска корекција, што довело до бројни расправии, по кои режисерот Кевин Рејнолдс бил отпуштен.

Костнер можеби на овој чекор се решил откако чул за еден претходен случај. Во 1991 година, Брус Вилис побарал да се ретушира неговата разретчена коса во филмот „Хадсон Хок“. Тој случај страшно го оптоварил буџетот, зашто во тоа време, компјутерската графика не била измислена, па корекциите морале да се прават рачно, кадар по кадар.

Дали е коинциденција што најголемиот финансиски неуспех во Холивуд пред „Воден свет“ беше токму „Хадсон Хок“?

5. Бојата на очите на Вивиен Ли во „Однесено со виорот“

Лесно е да се мисли дека визуелните ефекти почнале со измислувањето на компјутерската графика, но манипулацијата со снимките отсекогаш била интегрален дел од холивудското правење филмови.

Вивиен ЛиВо 1936 година, кога се барала зеленоока актера за улогата на Скарлет О’Хара во „Однесено со виорот“, продуцентот Дејвид Селжник минал две години барајќи актерка меѓу најпопуларните ѕвезди од тоа време. На крајот, за улогата на зеленоооката убавица од југот, била одбрана синооката Англичанка Вивиен Ли.

Само што започнало снимањето, во 1939 година, Селжник се сетил дека филмовите почнале да се снимаат во боја. Компанијата Техниколор го претставила револуционерниот тробоен процес за снимање во 1934, само 5 години претходно, па на Селжник може да му се прости што изумил.

Мислејќи дека фановите на книгата нема да се помират со погрешната боја на очите на главниот лик, Селжник извршил притисок врз шминкерот Монти Вестмор, да ја коригира ситуацијата.

Не можејќи да чекаат децении за да се измислат контактните леќи, Вестмор и неговиот тим употребиле комбинација од зелени филтри, рефлективни зелени костими и доволно зелена сенка за во неа да може да се удави возрасен човек!

4. Стомачните мускули на Николас Кејџ во „Дух јавач“ 

Николас Кејџ

Николас Кејџ отсекогаш бил човек чии глава и тело не се согласувале. Но, по „Кон Ер“, Кејџ вложи многу труд во својот изглед. 

Николас Кејџ

За улогата во „Дух јавач“ се барал згоден маж. Наместо тоа, бил одбран Николас Кејџ, па веројатно затоа во сцените каде што се гледа неговото торзо била потребна компјутерска корекција. Гледајќи ја сликата на Кејџ како се шета гол од половината угоре за време на снимањето, станува јасно дека дополнителен „труд“ бил вложен за изгледот на Кејџ  во самиот филм…

3. Солзата на Џенифер Конели во „Крвави дијаманти“

Џенифер КонолиЕдноставно речено, кога имате актерка која не може да претстави различни емоции, како што е тоа случајот со Џенифер Конели, тогаш е умно да ставите забелешки во текот на снимањето, за подоцна тимот за компјутерска обработка да знае каде треба да ги вметне различните изрази и секако солзите, како олицетворение на емоциите.

 

 

 

 


2. Скутот на Брендон Рут во „Враќањето на Супермен“

Брендон РутОдликите на Супермен секогаш треба да се извајаното лице, залижаната коса и големата буква S на градите. Но не и неговите гениталии. За време на снимањето на „Враќањето на Супермен“, станало јасно дека гениталиите на Брендон Рут ќе станат проблематични во склад со костимот. Затоа со помош на дигиталните ефекти биле користени за редукции во текот на постпродукцијата.

По напорната дискретна работа на компјутерскиот тим, децата насекаде беа поштедени од фактот дека жените и мажите се различни, а некои мажи се особено различни…

 

 

 

 

 

1. Пенисот на Кевин Бејкон во „Невидливиот човек“

Кевин БејконВо филмот на Пол Верховен „Невидливиот човек“, снимен според класичниот роман на Х.Г.Велс „Невидливиот силувач“, се поставува вековното прашање – што би правел еден типичен идиот кога би се стекнал со способноста да станува невидлив? Изгледа дека ова филозофско прашање не може да се одговори без покажување пениси и тоа често!

Во овој филм има повеќе машка фронтална голотија отколку во кој и да е друг мејнстрим филм во историјата, без разлика дали е обична голотија, голотија низ термокамера, голотија без кожа, подводна голотија…

Важно е да се знае дека Верховен инсистирал пенисот на Кевин Бејкон да се направи видлив дури и во оние сцени каде што тој едвај се забележувал и во што е можно повеќе сцени.

Постојат гласини дека откако ги видел снимките, Кевин Бејкон дискретно покажал кон пенисот, ги ставил рацете на одредено растојание, а потоа малку го зголемил растојанието.

Можеби звучи смешно, но кој маж што го чита ова не би постапил потполно исто? 

[7 Special Effects Stars Want Keep Secret]

- Реклама -