7 опасни состојки во козметичките производи

beauty-products-7304721Следниот пат кога избирате некој козметички производ, издвоите еден момент за да ги проверите неговите состојки.


Следниот пат кога избирате некој козметички производ, издвоите еден момент за да ги проверите неговите состојки.

Колаген
NEWBAR

Го има во: сапунот
Познат и како: еластин
Потенцијална опасност: Познато е како дериват од животински масти, колагенот не и дава на кожата „да дише“, може да ја оштети или премногу да ја зголеми нејзината влажност.

Формалдехид
nail_polish1

Го има во: лакот за нокти, кремите, шампоните
Познат и како: формалин, формик алдехид, оксиметан, оксиметилен
Потенцијална опасност: Да, оваа е истата онаа супстанца која се користи за презервација на мртвите тела. Во некои продукти познато е дека предизвикува иритации на кожата, алергиски реакции, а испарувањата од формалдехидот се поврзуваат со астмата и одредени видови на рак.

Хидрохинон
sunscreen2

Го има во: средствата за сончање, обелувачи на кожа, средства за  осветлување на косата, средства за чистење на лицето
Познати и како: 1,4-Benzenediol, 1,4-Dihydroxybenzene, P-Dioxybenzene, 4-Hydroxyphenol, P-Hydroxyphenol,1,4Benzenediol
Потенцијална опасност: Хидрохинонот се поврзува со одредени видови рак, невротоксичност, нарушувања на ендокриниот и репродуктивниот систем.

Минерални масла
lip-stick

Ги има во: кармините, лосионите, отстранувачите на шминка
Познати и како: liquidum paraffinum
Потенцијална опасност: „Минерално“ можеби звучи органски, но минералното масло се добива од нафтата. Минералното масло формира тенок слој на кожата кој ја попречува природната способност на кожата да „дише“ и ги затнува порите.

Фталати
perfume_bottles2

Ги има во: парфемите, дезодорансите, лаковите за нокти, хидратантните креми, сапунот, шампоните
Познати и како: DEHP, DBP, BBP, DINP, DIDP, DNOP
Потенцијална опасност: Во телото одредени мириси делуваат како естрогени и предизвикуваат пореметувања во ендокриниот систем, што влијае врз хормоните. Мирисите можат да влијаат врз централниот нервен систем, да предизвикаат депресија, хиперактивност и надразнетост. Во Велика Британија, некои форми – како DEHP, DBP и BBP – се забранети за употреба во козметичките производи и играчките.

Propylene Glycol
deodorant-to-minimize-hair-growth-underarms1

Го има во: дезодорансите, шампоните, кондиционерите, лосионите за тело, кремите
Познат и како: humectant, MSDS
Потенцијална опасност: Пропилен гликолот се користи како антифриз и хидраулично масло за автомобили, но во производите за нега може да предизвика опасни иритации на кожата, абнормалности на црниот дроб и оштетување на бубрезите.

Sodium Lauryl Sulfate (SLS)
toothpaste

Го има во: пастите за заби, козметиката, шампоните
Познат и како: Sodium Laureth Sulfate, Sodium Lauryl Sulfate, Sodium Lauryl Ether Sulfate, Anhydrous Sodium Lauryl Sulfate, Irium, SLS, SLES, MSDS, ALES, ALS
Потенцијална опасност: SLS обично се користи во прозводите за нега бидејќи прави пена, но познато е дека таа ја суши кожата, а во комбинација и со одредени други хемикалии станува канцерогена состојка.

Прочитајте и:  Консумирањето само еден алкохолен пијалок дневно го скратува животот
- Реклама -