7 начини да им избегате на вишокот килограми

odi_po_skali_intro.jpg Тешко е да се најде време за вежбање и за применување сложени диети осоебно ако секој ден одите на работа. Следниве седум совети можат да ги применуваат сите, па и оние што немаат многу слободно време. Најважно е што не ви треба многу труд, а кога овие нешта ќе станат ваша рутина вие ќе бидете и повеќе од задоволни од резултатот.

odi_po_skali.jpgТешко е да се најде време за вежбање и за применување сложени диети осоебно ако секој ден одите на работа. Следниве седум совети можат да ги применуваат сите, па и оние што немаат многу слободно време. Најважно е што не ви треба многу труд, а кога овие нешта ќе станат ваша рутина вие ќе бидете и повеќе од задоволни од резултатот.

1. Заборавете на лифтот – качувајте се по скали.

2. Носете си подготвен здрав ручек на работа, и секогаш имајте здрави грицки дома, во ташна или во фиоките во канцеларија – овошје, лешници, бадеми, безмасни овошни јогурти и ужинка од житарки без шеќер.

3. Шетајте – искористете ја паузата во работното време за да прошетате околу зградата, носете го кучето на попладневна прошетка во населба, и што почесто излегувајте без кола.
zdravi_gricki.jpg
4. Не јадете брза храна. Ако сте гладни, а немате подготвен оброк, седнете во некој ресторан и нарачајте салата или супа. Така нема да се прегладнете и ќе имате доволно време да си направите јадење дури и кога немате пари да нарачате цел оброк во ресторан.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

5. Јадете обилен појадок и нема да бидете гладни барем до 14 часот. Ако добиете желба за благо посегнете по овошјето (го следите советот под број 2, нели?)

6. Пијте вода и зелен чај. Сварете и изладете зелен чај и шишето секогаш нека ви биде при рака.

7. Одредете два дена неделно кога ќе си дозволите голем чоколаден сладолед или парче торта. Тоа ќе биде вашата награда што може да ја уживате без да се чувствувате виновно.

8. Кога сте на гости, особено ако станува збор за прослава каде се служи многу храна, не мора да седите со скрстени раце. Послужете се, но само од она што најмногу ви се допаѓа. Ако има колачиња земете само едно, а парчето торта изедете го до пола.

- Реклама -