Apple iOS и Microsoft Windows Phone не дозволуваат пристап на програмерите и корисниците до основните функции на платформите во име на безбедноста. Android пак од друга страна Ви ја дава слободата да исполнувате било каква задача, која можете да си ја претставите.
Повеќето обожаватели на Android веќе знаат како да го декодираат уредот со цел да добијат администраторски пристап до системот. Тоа им дозволува да го променат надворешниот вид и чувството од нивниот телефон со програми по свој избор.
Но, дури и да знаете како се прави тоа, сигурно не ги знаете овие 7 работи кои Вашиот Android OS телефон може да ги направи.
1. Веб сервер
Android е платформа базирана на Linux, така што не треба да ве изненадува дека секој современ уред кој работи со Android може да работи како веб сервер со MySQL база податоци, PHP подршка и FTP за трансфер на датотеки. Можете дури и да создадете сервер, кој ќе постои на Интернет и кој ќе го користите со домејн по ваш избор. Програмерите можат да го користат Android веб серверот, за да го тестираат својот код и да го покажат на своите клиенти. А тие кои сакаат да имаат мал блог или да споделуваат датотеки со своите колеги преку FTP може да имаат сервер или во дневната соба, или во својот џеб.
2. Програма за создавање на Android апликации
Ако сакате да напишете апликација за iPhone, ќе Ви биде потребно да имате Mac. Ако сакате да создадете код за Windows Phone или BlackBerry ќе треба да ги напишете тие апликации на вашиот компјутер или лаптоп. Кај Android можете да напишете, составите и тестирате апликација дирекно на Вашиот уред. Се разбира, повеќето програмери ќе сакаат работата да си ја завршат на компјутер, но добро е да знаете дека можете да создадете апликација и на Вашиот телефон. За таа цел користете ја бесплатната апликација AIDE, а DroidEdit за пишувањето на HTML, PHP, Javascript и друг вид програмерски код.
3. Далечински пристап до Вашиот компјутер
Сакате ли да имате пристап до содржината и апликациите кои се наоѓаат на Вашиот телефон од Вашиот компјутер? Со правилните апликации можете да го контролирате Вашиот телефон од веб прелистувачот на Вашиот компјутер. Со апликациите 2X и Splashtop 2 Remote Desktop, пак можете да го контролирате Вашиот компјутер од својот телефон.
4. Безбедносна камера
Ако имате стар Android уред, кој не го користите, можете да му најдете подобра примена, наместо да стои и собира прашина. На пример ако го преобразите во безбедносна камера, која ќе ја користите за да ја набљудувате дадилката на Вашите деца или да го држите под око вашето куче.
5. Безжично глувче или trackpad
Без разлика дали правите презентација на Вашиот компјутер или седите на креветот и гледате видео на огромен монитор, во еден момент ќе имате потреба од некаков вид тастатура или глувче, за да го контролирате. Се разбира може да потрошите малку повеќе пари за безжичен уред како Presenter Genius Ring, но можете исто така и да го користите вашиот Android уред. Со апликациите RemoteMouse и Advanced Touchpad Вашиот телефон ќе се преобрази во безжична тастатура или глувче за Вашиот компјутер.
6. Start копчето и лентата со задачите на Windows
Microsoft можеби го заборави Start менито во Windows 8, но тоа заедно со лентата на задачите може да се најде во Android ако сеуште ги сакате. Има неколку апликации, кои ќе Ви помогнат да ги користите тие елементи така што ќе ги поставите на долниот дел на екранот. Апликацијата Taskbar – Windows 8 Style е една од нив.
7. Linux на Android уред
Ако еден телефон со Android има доволно продуктивност и флексибилност, на него може да се инсталира Linux. Ако ја користите апликацијата Complete Linux Installer, можете да стартирате десктоп оперативен систем како Ubuntu или Debian на вашиот телефон. Апликацијата Ви дозволува да инсталирате целосна Linux верзија без да ја допрете Вашата Android инсталација.
Текстот е објавен во соработка со socialNet.Mk