Обичен корисник против Windows 8 (видео)

тестWindows 8 е поларизирачки оперативен систем, или го сакате или го мразите. Мет Хонан од Гизмодо го нарекол „радикална отстапка од сите претходни дела на Microsoft“, што за него е позитивна работа. Мајкл Милер од блогот Forward Thinking на PC Magazine, имал полоша реакција, но се согласил дека новиот интерфејс изгледа добро на таблет. Џ. Питер. Брузес од InfoWorld отворено кажал дека го мрази и рекол дека софтверот изгледа како „Франкенштајн на Windows“.

Милиони луѓе го симнале Windows 8 Consumer Preview од вебсајтот на Microsoft. Но како вистинските луѓе ќе го користат Windows 8? Крис Пирило од Locker Gnome го тестирал со помош на својот татко за да види дали обичниот корисник ќе може да се снајде со новиот оперативен систем без ничија помош.

{youtube}v4boTbv9_nU{/youtube}

- Реклама -