Ninite: Едноставно инсталирање на повеќе апликации одеднаш

софтверПрвите неколку пати кога го реинсталиравте оперативниот систем, најверојатно повеќе звучеше како авантура, нешто интересно, тест за вашите компјутерски способности. Меѓутоа со време, веќе очајно сакате да го прескокнете делот кога со часови ги преземате најновите верзии од Firefox, Picasa, антивируси и што сè не, бидејќи инсталациските фајлови на вашиот компјутер се веќе застарени.


ninite_02Првите неколку пати кога го реинсталиравте оперативниот систем, најверојатно повеќе звучеше како авантура, нешто интересно, тест за вашите компјутерски способности. Меѓутоа со време, веќе очајно сакате да го прескокнете делот кога со часови ги преземате најновите верзии од Firefox, Picasa, антивируси и што сè не, бидејќи инсталациските фајлови на вашиот компјутер се веќе застарени.

Ninite е вашиот излез од досадните и повторливи инсталации. Појдете на веб-страницата, погледнете ги апликациите кои ви требаат од листата бесплатни, кликнете на саканите и преземете ги. За тоа време, направете нешто конкструктивно додека Ninite инсталира сè за вас во позадина, со многу малку прашања и кликови. [Ninite]

Неверојатно корисно? Би сакале да ги чуеме вашите коментари подолу.

- Реклама -