Сигурни победи на Барса и Реал Мадрид (видео)

Реал Мадрид со 3-0 победи на гостувањето кај Атлетик Билбао, со истиот резултат Барселона славеше кај Сарагоса, Атлетико Мадрид со убедливи 5-0 ја торпедираше Гранада.

Кристијано Роналдо со два гола и асистенција беше херојот на Реал Мадрид во победата од 3-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао.

Португалецот го отвори резултатот во 2. минута со прекрасен гол од слободен удар.

Во 68. минута по центаршут на Алонсо, Роналдо убаво реализираше со глава за водство од 2-0.

Осум минути подоцна Игуаин ги постави конечните 3-0, Аргентинецот погоди по додавање од Роналдо.

Барселона без Меси и Иниеста во тимот со 3-0 победи на гостувањето кај Сарагоса.

Натпреварот го отвори Тиаго Алкантара во 20. минута.

Потоа следуваа два убави погодоци на Тељо во 39.и 53. минута за нови три бода кои ја доближуваат Барса до заверка на титулата.

Фалкао погоди два пати во победата на Атлетико Мадрид над Гранада од 5-0.

Останатите три погодоци беа дело на Коста, Гарсија и Филипе Луис.

Реал Сосиедад цврсто ја држи четвртата позиција на табелата, денеска со 2-0 победи на гостувањето кај Рајо Ваљекано.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -