Колку чини да возиш автомобил цел живот?

Дали некогаш сте се запрашале колку би ве чинел луксузот да управувате или патувате постојано со сопствен автомобил, наместо со градски превоз, или други видови на транспорт… и тоа цел живот?

Според германско истражување, направено од Motorpresse-Verlag Stuttgart, во последната година повеќе од половина купувачи на автомобили потрошиле најмалку 22.500 евра за нов автомобил. Тие исто така утврдиле дека еден човек за 60 години, кои се сметаат за оптимум за управување со автомобил, купува во просек три нови автомобили и пет веќе употребувани автомобили. Вкупната цена за купување и нивната поддршка(одржување) е еквивалентна на просек од 332.000 евра за цел живот.

Еве како според Motorpresse-Verlag Stuttgart изгледаат трошоците на еден возач за целиот негов живот:
• 116.900 евра за купување на нови и/или користени автомобили
• 78.900 евра за гориво
• 58.100 евра за осигурување и даноци
• 20.300 евра за паркинг или купување на гаражи
• 16.900 евра за перење и одржување на возилата
• 15.200 евра за резервни делови и гуми
• околу 13.000 евра за потрошен материјал и замена на масло

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.

- Реклама -