Совети за фотографирање на детска роденденска забава

birthday-party-photography-Фотографирањето деца честопати не е лесна работа, па затоа
фотографирањето на детски роденденски забави може да биде единствено и
интересно искуство за еден фотограф. Тоа се екстремно емотивни моменти,
со многу боја, интересна интеракција и многу позитивна енергија. Од
друга страна пак, детските забави често се хаотични места со многу
раздвиженост, многу неред и малку време за организирање и планирање на
фотографиите. Затоа, еве неколку корисни совети кои што може да ви
послужат за поефикасно и поуспешно фотографирање на ваквите пригоди.


Фотографирањето деца честопати не е лесна работа, па затоа фотографирањето на детски роденденски забави може да биде единствено и интересно искуство за еден фотограф. Тоа се екстремно емотивни моменти, со многу боја, интересна интеракција и многу позитивна енергија. Од друга страна пак, детските забави често се хаотични места со многу раздвиженост, многу неред и малку време за организирање и планирање на фотографиите. Затоа, еве неколку корисни совети кои што може да ви послужат за поефикасно и поуспешно фотографирање на ваквите пригоди.

1.  Назначете фотограф кој што ќе ја фотографира забавата

birthday-party-3Нема ништо полошо од тоа на крај на забавата да сфатите дека никој претходно не нашол време да го земе апаратот во рака и да направи неколку фотки. Затоа најдете некоја личност на која ќе и доделите улога да ја фотографира забавата и ќе ја ослободите од секакви други обврски. Ова е загарантиран начин да направите останатите да уживаат во забавата, а на крајот сепак да нема некој интересен момент што би поминал незабележано. 

2.  Фотографирајте од “детска“ перспектива

Ова е една од позначајните работи на кои што треба да обрнете внимание. Најголемата грешка што може да се забележи на фотографиите од ваквите забави е дека возрасните луѓе фотографираат од стоечка положба. Се разбира, слободно направете неколку вакви фотографии, меѓутоа настојувајте повеќето да бидат направени од висина на очите на децата.

3.  Варирајте со аглите од кои фотографирате и фокусните растојанија

Правете најразлични комбинации. На пример обидете се да застанете некаде високо (би можеле дури и да се качите на столче) за да добиете интересни групни фотки или спуштете го апаратот многу ниско и гледајте нагоре во децата. Можете да се обидете и со варијација на фокусното растојание. Користете широкоаголни објективи (мало фокусно растојание) за да ја опфатите целата сцена или пак зумирајте доколку сакате да издвоите некој настан или елемент од забавата. Комбинирајќи, вака ќе добиете подинамична и поразиграна серија на фотографии на крајот од забавата.

4.  Прилагодете се на “бојата“ на светлосниот извор (White Balance)

birthday-party-photography-3Повеќето детски родендени се случуваат во затворен простор (или барем некој дел од нив) каде што осветлувањето може да биде малку незгодно. Многу е веројатно да има извор на вештачко осветлување кое што може да даде неприродни нијанси на вашите фотографии. Затоа прилагодете се на главниот извор на светлина. Повеќето модерни апарати имаат можност за автоматско сетирање и адаптирање на условите или пак изберете некоја реално бела површина и искористете ја како референца за мануално сетирање. Експериментирајте со балансирањето на белата боја пред почетокот на забавата за да добиете резултати кои што најмногу ви одговараат.

5.  Побарајте некои поинтересни детали

Фотографирањето на некои карактеристични детали од роденденската забава е уште еден начин да добиете интересна серија фотографии. Веројатно најдобар момент да ги изработите овие е пред почетокот на забавата. Се разбира, можете да ја фотографирата тортата, балоните и другите декоративни елементи, подароците, масата за децата итн. Честопати добро би било доколку се доближите до ваквите објекти и ја исполните рамката со нив, па дури и по цена да добиете малку апстрахирани форми. По изработката на целата серија ќе забележите како ваквите фотографии одлично се вклопуваат во семејните албуми помеѓу фотографиите кои што вклучуваат и луѓе.

6.  Свртете го блицот да се одбива од ѕидовите (Bounce Flash) или користете дифузер за него

Кога зборуваме за светлина – при фотографирање во затворен простор веројатно ќе имате потреба од дополнително осветлување. Некои од ваквите проблеми можете да ги решите со зголемување на ISO бројот, но доколку на располагање не ви стојат многу природна светлина и екстремно брзи леќи веројатно користењето на блиц би било неопходно. Во тој случај, доколку сте во состојба, насочете го блицот кон некој од ѕидовите во просторијата или кон таванот, односно не дозволувајте директно да ги осветли објектите што ги фотографирате или евентуално употребете некој вид на дифузер на блицот за да спречите тој да ги уништи вашите фотографии (ова е чест проблем при фотографирањето на забави).

7.  Запознајте се со планот на забавата

Со цел да не испуштите некои од поважните делови од забавата пожелно е претходно да се запознаете со планот за нејзиниот тек. Дознајте кога е предвидено сите да седат, кога би се случило дувањето на свеќите, кога би било отворањето на поклоните итн. Ова би ви дало можност да завземете добра позиција за фотографирање пред секој од поважните моменти да се случи.

8.  Фотографирајте незабележително

party-photography-2Најдобри резултати од своите фотографии кога фотографирате детска роденденска забава би добиле доколку ја доловите спонтаната и опуштена атмосфера. Во онаа серија фотографии што ќе ја изработите надвор од центарот на случувањата ова веројатно лесно ќе го постигнете. Користењето на зум-објективи ќе ве „примора“ да се одалечите неколку метри од децата (луѓето воопшто) што ги фотографирате и така лесно ќе успеете да го оттргнете вниманието од вас и вашата работа. Ова можеби би било малку потешко во случајот кога би фотографирале од близина. Во тој случај добро би било да се обидете да се вклопите во средината. Седнете помеѓу децата, па дури и играјте ги нивните игри. Обидете се да ги натерате децата да ви позираат, а фотографирајте и во моментите кога тие се подготвуваат за фотографирањето што следи. Во ваквите случаи често пати ќе добиете резултати кои што се далеку поинтересни од „вистинското“ фотографирање.
 

9.  Планирани фотографии

Додека повеќето фотографии што ќе ги направите ќе бидат непредвидени, размислете и за оние фотографии кои што „мора“ да ги имате на крајот на забавата. Консултирајте се со родителите (доколку вие не сте еден од нив) и разговарајте за тоа дали сакаат некои посебни групни фотографии, фотографии од тортата, дувањето свеќи, отворањето на подароците, игрите на забавата итн.

10.  Фотографирајте пред почетокот и на крајот на забавата

Зачудувачки интересно е како една просторија или група луѓе може да се трансформираат за еден или два часа доколку во неа има група деца. Поради ова размислете какви фотографии сакате да направите пред забавата да започне и, се разбира, направете ги. Овде може да вметнете и некоја од оние фотографии со специфични детали од забавата за кои што зборувавме претходно во текстот. Направете фотографии и по завршувањето на забавата – овие може да формираат забавна серија со оние што се направени пред нејзиниот почеток.

11.  Фотографирајте неколку пози континуирано (Burst mode)

Континуираното фотографирање е еден од најефектните начини да добиете добри резултати кога фотографирате забави. Станува збор за употреба на опцијата на вашиот апарат кога тој фотографира неколку пози во серија. Ова е особено корисно кога фотографирате деца затоа што тие ретко седат мирно или пак ефектна стратегија за клучните моменти како што е дувањето свеќи на пример – прилика за фотографирање која што трае само неколку секунди.

12.  Вклучете возрасни во фотографиите

Се разбира дека фокусот на детските роденденски забави се децата. Меѓутоа и возрасните кои што присуствуваат можат да бидат интересни за фотографирање. Некогаш нивните реакции на постапките на децата се фасцинантни и заслужуваат да се најдат на некоја од ваштие фотографии – особено на оние кои што се во блиско сродство на детето што прославува роденден.

- Реклама -