Со 637 гласови „за“, 13 против и 26 воздржани, ЕП ја усвои резолуцијата со осуда за руската инвазија врз Украина

Брисел, 1 март 2022 (МИА) – Европскиот Парламент остро ја осуди незаконската, неиспровоцирана руска воена агресија врз Украина, учеството на Белорусија во таа агресија и изрази длабоко жалење што Србија не се приклучи на европските санкции против Москва.

„Европскиот парламент силно ја осудува незаконската, неиспровоцирана и неоправдана воена агресија на Руската Федерација против Украина, како и учеството на Белорусија во таа агресија“, се вели во резолуцијата изгласана на специјалната пленарна седница во Брисел за Украина.

За резолуцијата гласаа 637 европратеници, 13 беа против, а 26 беа воздржани. Европратениците ги повикуваат институциите на ЕУ да работат на кандидатскиот статус за Украина заснован на заслуги, додека продолжуваат да ја интегрираат Украина на единствениот пазар на ЕУ, според условите на договорот за асоцијација потпишан меѓу двете страни.

Прочитајте и:  Сијарто: Провоените сили во Вашингтон и Брисел го почнаа финалниот „напад на новата реалност“

Со Резолуцијата се повикува Русија веднаш да ги прекине сите воени активности во Украина, безусловно да ги повлече сите воени и паравоени сили и воена опрема од целата меѓународно призната територија на Украина. Во неа е изразена сериозна загриженост поради напорите на Русија да го дестабилизира Западен Балкан и да се меша во демократските процеси на држвите од тој регион.

- Реклама -