6 смртоносни животни со невин изглед

Повеќе...

Овие малечки животинки можеби ќе ви изгледаат слатко и безопасно, се додека не ве стопат со нивниот нуклеарен отров или додека не се населат, да речеме, во вашата бешика. Полжавите, инсектите и некои други мали животни околу светот често изгледаат безопасно, но како компензација за нивната незначителна големина се способни да му зададат смртоносен удар на човекот кој ќе им се најде на патот.


Овие малечки животинки можеби ќе ви изгледаат слатко и безопасно, се додека не ве стопат со нивниот нуклеарен отров или додека не се населат, да речеме, во вашата бешика. Полжавите, инсектите и некои други мали животни околу светот често изгледаат безопасно, но како компензација за нивната незначителна големина се способни да му зададат смртоносен удар на човекот кој ќе им се најде на патот. 

Кандиру
candiru.jpg

Дали сте слушнале за рипката која живее во Амазон и која може да се вовлече во пенисот, да се насели во бешиката на неговиот сопственик и која не може да биде отстранета оттаму заради боцките? Мислевте дека тоа е само мит? Погрешно. Кандиру рибата може да влезе преку гениталиите во телото, иако поверојатно е дека припадничките на понежниот пол овде се на поголем ризик (во спротивно би требало да се работи за многу упорна рипка или за некој многу пијан маж). Иако сведочењата за операциите за отстранување на Кандиру се повеќето од втора рака, има доволно дискусии во научната литература за да го потврдат овој застрашувачки факт. Тенката, мала Кандиру рипка често се населува во некоја поголема риба или животно и е речиси невозможно да се отстрани. Наравоучението на оваа приказна: Не ни помислувајте да се „испразните“ во Амазон.

Paraponera clavata или мравката наречена куршум
bullet-ant.jpg

Со невпечатлив изглед, но со причина наречена куршум, оваа мравка не се котира високо во архивите на најотровните животни во светот, но искуството со неа да се сретнете во прво лице е навистина застрашувачко. На [[Paraponera|Википедија]] детално е опишана агонијата предизвикана од оваа мала мравка која може за момент да собори возрасен човек кој со часови ќе се бори со интензивната, жестока болка. Ја нарекуваат „24-часовна мравка“, заради фактот што доволно е едно единствено загризување за да предизика да се виткате во ужасна 24-часовна болка. Во некои култури во Централна и Јужна Америка, младите момчиња се иницираат во светот на возрасните такашто треба да издржат убод од 5 мравки од овој вид одеднаш.

Октопод со сини кругови
blue-ringed-octopus.jpg

Еден од најмалите, најслатки мекушци на светот исто така е и последниот од октоподите кого би сакале да го сретнете. Кога е исплашен или чувствува некоја закана, овој октопод кој е голем само неколку сантиметри ги осветлува своите сини кругови и ќе ве касне колку за предупредување од што нема да почувствувате никаква болка. Ќе заборавите на тоа и ќе продолжите, се додека… не се парализирате и не се соочите со смртта за брзо време. Октоподот со сини кругови кој грациозно ги населува плитките тропски води, всушност, поседува смртоносно оружје – невротоксичен отров кој е појак од кој било друг што го поседува некое друго суштество на планетава.

Конусен полжав
cone-snail.jpg

Конусниот полжав изгледа како безопасна, убава морска школка. Но тој, заедно со уште 400 други негови генетички роднини, можат да ве инјектираат со болна доза на отров преку неговиот харпун, како што многу туристи го научиле тоа преку потешкиот пат. Обично, солената вода ја прави болката уште понеподнослива, а често тоа резултира и со парализа. Набрзо потоа, дишењето не е веќе возможно и на крајот сé завршува со смрт.

Најотровната жаба
poison-dart-frog.jpg

Оваа малечка жаба е единственото животно кое може да усмрти човек само со допир. Домородните американци долго време ја користеле слузта од кожата на оваа отровна жаба за нивните стрели (оттаму го добила и името жаба-стрела). Кожата на жабата излачува многу јак токсин што предизвикува парализа, внатрешно крварење, откажување на органите и смрт. Овие мали суштества со големина од само еден и пол сантиметар можат да скокнат 50 пати повеќе од нивната величина. Доаѓаат во брилијантни комбинации на интензивни бои, но она што е заедничко за сите нив е смртоносната убавина.

Pitohui dichrous – отровна птица
hooded-pitohui.jpg

Да, има и отровни птици. Научниците од неодамна научија дека и некои видови на птици имаат отров во нивните пердуви, кожа и клунови. Оваа птица која живее во Нова Гвинеја е една од најопасните од тој вид, луѓето кои живеат таму ја нарекуваат „Птица ѓубрарка“ заради нејзиниот непријатен мирис. Pitohui поседува токсин познат како batrachotoxin во нејзиите пердуви. Овој токсин е најсличен со оној кој го поседува едно друго малечко, смртоносно суштество на нашава планета – нашата добро позната отровната жаба.

- Реклама -