На големи гради се „палат“ машките шовинисти

Иако звучи како клише, се чини дека е вистина дека сексистички настроените мажи сакаат поголеми гради.

Ставовите на мажите за жените влијаат на нивните преференции за идеалната големина на градите. Во најновото научно истражување спроведено на Универзитетот Вестминистер, објавено во магазинот „Archives of Sexual Behavior” се тврди дека мажите кои вообичаено го идеализираат традиционалниот концепт на женственоста и ги доживуваат дамите како послаби суштества повеќе сакаат бујни гради.

Научниците испитале 361 хетеросексуален маж на возраст од 18 до 68 години, сите припадници на белата раса, затоа што како што покажале претходни истражувања, етничката припадност влијае на начинот на кој некои поединци ја перцепираат големината на градите, па затоа тие одлучиле да ги испитаат учесниците од само една расна категорија.

На сите мажи им биле покажани пет различни модели на жени во 3Д техника, при што секој модел имал различна големина на гради. Испитаниците имале задача да оценат кој модел им е физички најпривлечен. Најголем процент од нив, 32,7% оцениле дека градите со средна големина се најпривлечни, следат големите гради – 24,4%, многу големи 19,1%, мали 15,5% и многу мали 8,3%.

w600

Меѓутоа, привлечноста кон големите и многу големите гради значајно е поврзана со сексизмот. Со други зборови мажите кои го идеализираат традиционалниот концепт на женственост и ги доживуваат жените како послаби суштества сакаат поголеми гради.

Сепак, овие резултати не значат дека сите мажи кои сакаат големи гради се сексисти, се наведува во заклучоците од истражувањето.

- Реклама -