Skype:Откриен нов безбедносен ризик

viruskype_01_copyПред неколку дена е откриена нова грешка-дупка во програмскиот код на популарната апликација Skype. Ова е откриено од Iviv Raff – израелски сигурносен експерт и според него потенцијалниот напаѓач може да добие целосна контрола врз апликацијата доколку корисникот посети некое од заразените видеа преку веб пребарувачот Internet Explorer. Оваа дупка може да се искористи на последната верзијана Skype (3.3.0.244), но важи и за претходните верзии. Оние корисници кои го користат Skype на Linux оперативен систем се безбедни од оваа дупка бидејки кај Linux оваа апликација како прв веб пребарувач го користи Mozzila Firefox. Внимавајте и избегнувајте ја опцијата Add video to Chat.

- Реклама -