Поставен нов рекорд во нуркање

Вилијам ТрубриџВилијам Трубриџ во понеделникот постигнал нешто што долго време било третирано како невозможен подвиг. Тој пливал до длабочина од 100 метри, со само еден здив. Новозеланѓанецот не користел пераи, не носел тегови, и немал помош од лифт за да ги достигне стоте метри, ниту пак користел воздушно перниче за да излезе на површината.

Неговиот подвиг, достигнување длабочина од 100 метри без никакви помагала е нов рекорд. „Различно е од користењето на лифтови и воздушни перничиња“ рекол Трубриџ за нурнувањето кое било изведено во Сината Дупка на Дин во Бахамите. „Бидејќи кога ќе се завртиш на длабочина од 100 метри и почнеш да пливаш кон површината само со рацете и нозете, може да почувствуваш страв бидејќи има многу вода над тебе.“
Вилијам ТрубриџНа таа длабочина, нуркачот најчесто не ни гледа ништо, трипати подлабоко од она што се смета за безбедна длабочина за сите освен професионалните нуркачи. До длабочина од 30 метри нуркачите дури и мораат да се спуштаат многу бавно за да избегнат создавање на воздушни меури во крвотокот. Трубриџ го држел здивот 4 минути и 10 секудни, од почетокот до крајот на нурнувањето. На сто метри тој ја достигнал истата длабочина како и Жак Мајол кој во 1976 успешно се спуштил со помош на тег, а излегол со помош на воздушно перниче. Французинот достигна статус на легенда и беше протагонист во филмот „Големото Сино“ (“The Big Blue”) од 1988 година.

Овој подвиг открива до каде има еволуирано нуркањето без опрема, и до која екстрема можат да издржат човековиот ум и тело. На длабочина од 100 метри, белите дробиви се полнат со крв, заштитен рефлекс кој го спречува нивното згмечување. Пулсот забавува до тој степен што нуркачот може да биде дезориентиран и да се чувствува или поспан или еуфоричен. „Мораш да останеш фокусиран на сè што се случува“ вели Трубриџ кој доминира во нуркањето без помагала откако во 2007 година достигнал длабочина од 80 метри. [Diver plunges 100 meters, unassisted on one breath, to set world record]

- Реклама -