Реал супериорно ја потврди титулата


Реал Мадрид славеше во натпреварот од 36. коло од шпанската Примера на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“ против Алавес со 5:0. Головите за Реал ги постигнаа Џуд Белингем (10), Винисиус Жуниор (27 и 70), Феде Валверде (45+1) и Арда Ѓулер (81).

Реал е недостижен на врвот на табелата со 93 бодови, додека со натпревар помалку го следат каталонските клубови Барселона со 76 и Жирона со 75 бодови. Алавес е 11-ти со 42 бодови.

Претходно Осасуна и Мајорка одиграа нерешено 1:1. Осасуна поведе со голот на Хон Монкајола во 14. минута, а Серџи Дардер го постигна израмнувачкиот гол во 65. минута.

По ова реми Осасуна е 13. на табелата во шпанското првенство со 41 бод, додека Мајорка е на 15. позиција со пет бода помалку.

- Реклама -