56 години по земјотресот во Скопје – Галерија

56 години од денот кој засекогаш остави болна трага кај скопјани – 56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој никогаш нема да се заборави, а се молиме никогаш да не се повтори.

26 јули 1963-та година, злокобниот датум кога во 5:17 часот срцето на скопјани за момент застана и засекогаш остави трага во нивните спомени – болна рана која никој не сака да се повтори.

Секоја година на овој ден, скопјани со болка во срцето се присетуваат на ужасниот земјотрес со 9 степени според Меркалиевата скала и магнитуда од 6,1 степени, во кој околу 1.000 жители ги загубиле животите, а огромен број луѓе останале без кров над глава.

И покрај тоа што катастрофалниот земјотрес го опустошил главниот град и оставил огромни последици врз жителите, Скопје успеало повторно да се крене благодарение на помошта од целиот свет и волјата на граѓаните.

Денес Скопје е „нов град“, но како изгледаше Скопје пред кобниот земјотрес во 1963-та?

Старите скопјани се присетуваат на нивниот град и секоја година објавуваат фотки од Скопје пред датумот кој никогаш нема да биде заборавен.

Прочитајте и „Скопје, радост ти ќе бидеш“ – 55 години од катастрофалниот земјотрес.

’20-ите, ’30-ите, ’50-ите и почетокот на ’60-ите години – Скопје пред земјотресот, низ фотки:

- Реклама -