Највисокиот кошаркар (видео)

Сун Мингминг Кинезот Сун Мингминг, со своите 236 сантиметри е моментално највисокиот кошаркар и воопшто највисокиот спортист на сите времиња. Но, дали некогаш ќе биде доволно добар за да заигра во НБА лигата?

Сун МингмингКинезот Сун Мингминг, со своите 236 сантиметри е моментално највисокиот
кошаркар и воопшто највисокиот спортист на сите времиња. Но, дали
некогаш ќе биде доволно добар за да заигра во НБА лигата?

Веднаш штом се појави, Мингминг веднаш започна да биде споредуван со својот сонародник, ѕвездата на Хјустон Рокетс – Јао Минг. Но, скаутите на НБА тимовите до сега не изразиле некој особен интерес за дваесетипет годишниот џин. Причината за ова лежи во фактот што тој е помалку подвижен од Јао, а брзината и силата на играчите кои настапуваат во најдобрата лига на светот брзо ќе ја неутрализираат предноста што доаѓа од енормната висина на Кинезот. 

Моментално, Сун настапува во јапонскиот прволигаш Хамаматсу Феникс, со кого само што го постигна најголемиот успех во неговата професионална кариера – освојувањето на првото место во источната конференција од јапонската кошаркарска лига. 

Сепак, доколку успее да се пробие во најсилната лига, тој ќе биде највисокиот играч што некогаш заиграл, надимнувајќи ги Мануте Бол и Георге Мурешан кои имаа по 231 сантиметар во графата „височина“ и сонадордникот Јао Минг кој достигнал „едвај“ 229 сантиметри.

Зборовите можат да кажат колку што можат, но, затоа секогаш постојат видеата. Погледнете до каде одат можностите на Сун Мингминг:

 {youtube}yul1KRoJWzk{/youtube}

- Реклама -