Телефон кој може да прави 3D слики со 2D камера

смартфонМобилен смартфон кој ќе може да прави 3D, панорамски фотографии се очекува да биде пуштен во продажба следниот месец. Фотографиите направени со новиот телефон на Sony Ericsson, технолошки најмодерниот Xperia Arc S ќе можат да бидат гледани на било кој 3D компатибилен телевизор.

Но, телефонот ќе ги прикажува само во две димензии. Истиот нема ни да може да создава тродимензионално видео. Камерата е дводимензионална, а тродимензионалните слики ќе ги создава така што ќе прави две последователни фотографии кои потоа ќе бидат споени. Телефонот, кој функционира на Android оперативниот систем на Google, има 4,2 инчен екран и камера со дефиниција од 8,1 мегапиксел.

Сите тродимензионални слики ќе можат да бидат гледани преку поврзување на телефонот со тродимензионален телевизор преку HDMI врска. Од Sony Ericsson велат дека процесорот од 1,4GHz на Arc S значи дека телефонот ќе стартува 25 проценти побрзо од својот претходник, Arc. Телефонот исто така ќе има втора функција како далечински управувач за Bravia телевизорите на Sony, и преку него корисниците ќе имаат пристап до Music and Video Unlimited продавниците на Sony.

Поголемиот дел од останатите надградби на Arc S се во софтверот. Телефонот ќе има инсталиран Android 2.3 кој овозможува побрзо сурфање на интернетот. Од компанијата велат дека Arc S ќе биде достапен во пет бои – бела, сина, сребрена, црна и розова. Направата била претставена на IFA саемот за технологија во Берлин. На истиот саем бил претставен и, според Toshiba, првиот 3D телевизор за кој не се потребни специјални очила, иако моделот 55ZL2 бил дочекан со мешани реакции. Корејскиот произведувач LG претставил 3D компјутерски монитор за кој не се потребни специјални очила. [Sony launch phone that can take 3D pictures on a standard 2D camera]

- Реклама -