Направа за стимулирање движење во дланката

ракаАко некогаш сте се обиделе да научите да свирите виолина или гитара, тогаш знаете дека правилното движење на прстите некогаш може да биде тешко. Но сега пронајдок на група јапонски научници би можел да ве научи како да ги имитирате вашите омилени мелодии – дури и ако немате талент.

PosessedHand е електронска направа која ги стимулира мускулите во подлактицата кои ги движат прстите. Ова значи дека направата би можела да биде програмирана да ги движи прстите во ритам со вашето омилено соло на гитара – без воопшто да не мора да мислите на тоа. Во ремен кој се прицврстува на подлактицата се сместени 28 електроди кои го движат секој зглоб во прстите, и можат да стимулираат две движења на зглобот на дланката.

И додека машината би можела да биде искористена за луѓе кои си замислуваат дека се музичари, креаторите се надеваат дека истата технологија би можела да помогне во рехабилитацијата на луѓе кои претрпеле мозочен удар. До сега жртвите на мозочни удари без подлегнување на инвазивни процедури можеле да остваруваат само многу груби движења. Развојот на направата бил предводен од Еми Тамаки на чело на тим од Универзитетот од Токио, користејќи Кото, јапонски жичан инструмент.

Научниците ја програмирале PossessedHand да ја стимулира раката на свирач за истиот да отсвири одредена мелодија на инструментот. Иако самиот инструмент не може да создаде доволно силна реакција за повлекување на жицата, таа би можела да помогне во учењето на правилно движење на прстите. Тимот исто така открил дека направата ги отстранила грешките кај почетниците со само четири грешки во ритамот, споредено со 13 без направата.

Tамаки изјавила: „Прстите на корисникот се контролирани без тој да го користи мозокот.“ Сепак дел од теситраните личности рекле дека чувството на самостојно движење на раката не е многу пријатно. Една личности изјавила дека се чувствува како некој да и го хакира телото. Еми Тамаки вели дека кога луѓето ќе се навикнат на направата ќе видат колку може да биде корисна. „Веруваме дека корисната технологија ќе го надмине чувството на страв.“ [A hand possessed! New finger stimulating device will help wannabe musicians learn their favourite tunes]

- Реклама -