Будилник за вежбање

Будилник за вежбањеОвој револуционерен производ ви нуди можност да го решите проблемот со немањето време за вежбање на наједноставниот начин. Штом ќе ве разбуди со пискавиот звук, ќе мора да направите 30 повторувања за да го исклучите.

Тегот-будилник од страната има часовник. Откако ќе го подесите времето кога сакате да се разбудите, можете да заспиете и да знаете дека штом ќе го чуете звукот од будилникот, ќе мора да вежбате. Единствен начин да се исклучи звукот од будилникот за тој ден е доколку направите 30 повторувања од вежбата за бицепси и да ги направите совршено добро – со движења од горе до долу.

На дисплејот кадешто вообичаено е часовникот, при вежбањето ќе видите одбројување од 30 до 0. Кога ќе ги довршите вежбите, тој ќе се исклучи, до следниот ден. Се чини дека производителите заборавиле дека можете да си поспиете додека се потрошат батериите или доколку сте многу уморни – едноставно да ги извадите од уредот. [Wake up Work Out Alarm Clock Shuts off after 30 Reps.]

- Реклама -