Умни семафори

semaforСистем кој би ги исклучувал автомобилите кои стојат на семафорот додека свети црвеното светло, и кој би ги стартувал кога ќе се запали зелено, е идеја на компанијата IBM за изградба на нов вид семафори.  Од овој и ваков систем би имало повеќе придобивки, а најбитни би биле: безбедност на патниците, заштеда на гориво, намалена загаденост на воздухот и намалување на стрес кај возачите поради сообраќајните метежи.

Според изјавите на компанијата, први вакви системи ќе бидат инсталирани на најголемите раскрсници и на железнички премини во големите метрополи.

Изумот работи така што светло, семафорот кога е запалено црвеното праќа порака “стоп-мотор” кон возилото, како и некои други податоци. Од возилото кон семафорот доаѓаат податоци колку е старо возилото, дали е со стандардна изведба, на каков погон се движи, која му е локацијата во застанатата колона и друго. Исклучувањето и стартувањето може да биде автоматско или преку порака до возачот да ги изврши овие операции рачно. Системот би давал податоци за состојбата на сообраќајот во градот, GPS информации и други информации кои ќе ги собира семафорот со помош на сензори, камери и други уреди поставени на и под улиците и патиштата.

Како што гледате, овие семафори се многу умни. Тие дури го пресметуваат точно времето на стартување во зависност од местото на возилото во колоната, па така некои возила дури добиваат информација дека нема потреба да го исклучат моторот.

IBM уште не се одлучил кој тип на технологија ќе употреби за дизајнирање на овие системи, но во проектот наречен “умни семафори”, најверојатно ќе учествуваат и возачи волонтери со своите сугестии и предлози.

Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР

- Реклама -