Најголеми технолошки промашувања во изминатата деценија

ТехнологијаНа патот на технолошкиот развој, понекогаш знаеме да направиме и некои грешки. Понекогаш добрите идеи набрзо прераснуваат во очигледни промашувања. Ви ги претставуваме најголемите технолошки промашувања во изминатата декада.

На патот на технолошкиот развој, понекогаш знаеме да направиме и некои грешки. Понекогаш добрите идеи набрзо прераснуваат во очигледни промашувања. Ви ги претставуваме најголемите технолошки промашувања во изминатата декада.

Технолошки промашувања7. Ultra-Mobile PC

Мал компјутер со мал монитор кој се обидува да работи со оперативен систем создаден за класичните компјутери. Замислен како џебен персонален компјутер, овој производ набргу се покажа како непрактичен. Премногу е голем за да биде џебен, а премногу мал за да служи како нетбук. Заглавен во просторот помеѓу, Ultra-Mobile PC се покажа како помалку ефикасен и од денешните телефони со ограничени веб опции.

Технолошки промашувања6. DVD-аудио

Откако производителите на плеери почнаа да се борат за кој формат да го преземе приматот од DVD видеото, истото се префрли и во светот на аудио форматите. Но, во овој случај, производителите не предвидоа дека ниту DVD аудио, ниту пак CD супер аудио нема да победи, туку интернетот, со преземањето музика, легално и илегално.

Технолошки промашувања5. Rokr E1

Моторола и Apple соработуваа на она што во тоа време се чинеше како следен чекор во еволуцијата на мобилните апарати – телефон со квалитетен mp3 плеер. Она што го направи овој производ огромно промашување беше фактот што iTunes софтверот не бил лесен за користење на телефонот, просторот за складирање на песните ограничен, а симнувањето песни преку програмата премногу скапо. Дополнително, Моторола се жалеле дека неуспехот се должи на истовременото лансирање на iPod мини од страна на Apple.

Технолошки промашувања4. N-Gage

Нокиа беше првата компанија што се обиде да го комбинира телефонот со рачните играчки конзоли. На крајот, добивме страшно промашување, од неколку едноставни причини. Копчињата за телефонот пречеа во играњето, а звучникот од телефонот беше поставен странично, што значеше дека ако сакавте да зборувате со некого, моравте да го држите апаратот странично, што не само што беше непрактично, туку на моменти и комично.

Технолошки промашувања3. MSN директ

Уште една од брилијантните идеи на Microsoft беше да ги користи FM брановите за пренос на информации до мобилните уреди. Многу бргу се покажа дека мрежите на мобилните оператори имаат многу подобра преносна моќ, но веќе беше доцна. Од централата и натаму се испраќаат сигнали, но последниот рачен часовник со можност за прием на беспотребни информации е продаден во 2008, а компанијата најави прекин на услугата во 2011 година.

Технолошки промашувања2. Audrey

Замислен како компјутер за во кујна, нешто што ќе се вклопи со остатокот од мебелот и апаратите, Audrey имаше прилично добри перформанси, освен фактот што екранот беше премногу мал. Дополнително, цената му беше 500 долари, што во тоа време ќе ви купеа 2 нормални компјутери со слични перформанси.

Технолошки промашувања1. Aibo

Сони го создаде првото милениче робот. Ова кученце имаше неверојатни карактеристики и ги симулираше сите фази од развојот и животот на вистинските кучиња (со исклучок на учењето на контрола на физиолошките процеси и тепањето со весник). Аибо имаше и опција да кажува зборови, да препознава фаци и сликите што ги слика со вградената камера да ги подига директно на интернет. Но, цената од 2000 долари изгледаше како, и веројатно беше надвор од умот. Играчката престана да се произведува во 2006 година.

- Реклама -