Звучници од фолија

article-1166345-0436f69000000dd5dc-881_468x372.jpg Револуционерниот систем за звучници кој деновиве го прикажаа
британските инженери може да биде печатен и користен како ѕиден постер
од кого може да слушате музика.


article-1166345-0436f690000005dc-881_468x372.jpgРеволуционерниот систем за звучници кој деновиве го прикажаа британските инженери може да биде печатен и користен како ѕиден постер од кого може да слушате музика.

Овој лесен и флексибилен звучник е тенок само 0.25mm и ќе се вградува во автомобилите низ целиот внатрешен ентериер. Идејата е развиена од Warwick Audio Technologies кои планираат да ги продаваат веќе следната година.

Звучниците работат преку конвертирање на електричниот сигнал во звук. Обично, сигналот го генерира варијабилно магнетно поле, кое прави вибрации на механичкиот конус и продуцира звук.
Новиот ‘Flat, Flexible Loudspeaker’ користи ламиниран материјал кој вибрира и произведува појасен и поостар звук. Предноста е што тој истотака може да биде свиткан под агол.

Steve Couchman, CEO на Warwick Audio Technologies верува дека ова е навистина иновативна технологија и ќе донесе голема заработка за неговата компанија во иднина.

- Реклама -